Екипата на Силекс успеа да остане непоразена на гостувањето кај Шкендија. И покрај атаците на домаќинот особено во вториот дел, Силекс знаеше што сака на овој меч, и заслужено стигна до тоа. Конечните 0:0 се одраз на лошата реализација на домаќините, односно добрата одбрана на гостите, како и очигледно добриот пристап на Силекс во играта за време на сите деведесет минути.
„Честитки за играчите знаевме дека ќе биде тешко на едно вакво гостување во Тетово. Нема да звучам нескромно ако кажам дека во првиот дел ние бевме тие кои имавме позрели шанси но не ги искористивме.
Очекувавме Шкендија да нападне во вториот дел и нормално бевме подготвени на тоа. Дефанзивно се поставивме добро, ја чекавме шансата преку контра напади, не успеавме да се заканиме но од друга страна пак успеавме да се одбраниме на ниво. Шкендија ако погледнете немаше ниту една стопроцентна шанса. Заслужено освоивме бод. Уште еднаш честитки за моите играчи, на Шкендија за одличниот прием и многу среќа во финишот на шампионатот“ – изјави за Спортмедиа по дуелот во Тетово тренерот на Силекс, Горазд Михаилов.