Македонската репрезентација до 16 години на чело со селекторот Раде Каранфиловски во моментов го игра дуелот против домаќинот Италија на силниот турнир кој се игра во оваа земја.
Нашите млади момци се во групата и со Мексико, а пред денешниот дуел на нивно огромно задоволство, во соблекувалната се појави нашиот А репрезентативец Илија Несторовски.
Тој им посака многу успех на денешниот дуел, и воопшто на целиот турнир. Заедничката фотографија е неизбежна како спомен за овие млади фудбалери кои во Нестор секако гледаат идол и пример до каде би можеле да стигнат со напорна работа и вложен труд.