Баерн е на работ на целосен неуспех во тековната фудбалска сезона. Баварците веќе се елиминирани од Лигата на шампионите и Купот на Германија, а исто така го загубија првото место во првенството. Ваквата ситуација предизвика Управниот одбор да почне да му се заканува на тренерот Томас Тухел како и на двоецот Кан-Салихамиџиќ, поточно на главниот извршен директор и спортскиот директор.
Според информациите кои кружат во германските медиуми, рокот е 1 месец, бидејќи на 22 мај ќе заседава одборот на кој ќе се донесат некои одлуки, меѓу нив и горенаведените. Поранешниот голман Оливер Кан ја извршува функцијата главен извршен директор од 2021 година, додека Салихамиџиќ е спортски директор на оваа екипа од 2017 година, а и двајцата се најранливи да бидат погодени од одлуките на клупското раководство.
Заминувањето на Јулијан Нагелсман предизвика слободен пад за Баварците, поради што некој ќе мора да плати за кризата.