Попладнево се одиграа натпреварите од 29.коло во ПМФЛ.
Нема седум од седум за Шкендија. Силекс одигра херојски и освои голем бод под Шара. Тетовци имаа иницијатива во текот на сите 95.минута, имаа и шанси, но имаа и кратовци. Заслужен бод за Силекс на ова тешко гостување, од друга страна Шкендија загуби два златни бода во борбата за титулата. Сега е со -5 во однос на лидерот Струга ТЛ.
Струга ТЛ со 2:0 го “реши“ Тиквеш и освои големим големи три бода во битката за титулата. Стружани и натаму се лидери. Давков си постигна автогол, а Шабани по еден одличен продор стрелаше за 2:0 за тимот на Струга ТЛ.
Шкупи сиот свој гнев го искажа попладнево на својот Чаир против Брегалница. Убедлив триумф од 3:0, Адетунџи двапати, а гол од далечина постигна Алварез. Чаирчани одиграа по подлолго време квалитетно и ефикасно. Брегалница беше немоќна на овој меч.
А. Пандев со 2:0 славеше против Победа, но пропушти барем неколку зицери, и пенал промашија домашните на 0:0 преку Велиновски. Играа и со играч повеќе откако Тофилоски во 47.минута беше исклучен, кога и беше направен пеналот. Сепак Велиновски и Трајков стрелаа за важна победа на тимот на Александар Васоски.
Македонија ЃП на ФФМ по малку со среќа успеа да го победи Скопје со 2:1. “Лавовите“ имаа водство од 2:0, посебно убав беше првиот гол на Мишевски, стрелаше и Стоилов, во финишот Коне од пенал намали на 2:1, а во 88.минута “пиратите“ ја погодија пречката на “лавовите“, затоа велиме дека Македонија ЃП и со помош на среќата дојде до трите бода.
Во ова коло слободен беше тимот на Работнички.
РЕЗУЛТАТИ 29.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ПОБЕДА 2:0
(Велиновски 60., Трајков 69./)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 2:1
(Мишевски 5., Стоилов 61./Коне 80.)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 0:0
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3:0
(Адетунџи 16., 64., Алварез 74.)
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 2:0
(Давков (авт) 4., Шабани 52.)
РАБОТНИЧКИ (СЛОБОДЕН)