ПМФЛ: Струга ТЛ на мегдан со Тиквеш, скопско дерби на ФФМ, “сините“ гостуваат на Чаир, Шкендија сака седум од седум…

298

 

Попладнево од 16 часот на програмата се сите пет натпревари од 29.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Откако викендов беше слободен, лидерот на свој терен го дочекува Тиквеш. Струга ТЛ мора, ама баш мора да дојде до трите бода ако се знае дека сега има само +3 во однос на Шкендија.

Стружани се одморни, со верба во себе, знаат што е потребно да дојдат до бодовите денеска против Тиквеш.

Младиот Абдулхади Јахја, во пресрет на денешниот меч со кавадарчани истакнува:

Атмосферата во тимот е одлична, да, јасно е дека пред нас е тежок натпревар, го респектираме Тиквеш, но ветуваме дека ќе дадеме се од себе бодовите да останат во Струга. Влегуваме во фаза на првенството кога сега секој меч е екстра важен, кога за нас секој меч е како финале. Јас се надевам и очекувам дека до крајот на сите ќе славиме и ќе задржиме првото место и со тоа ќе ја донесема титулата во нашиот град“ заврши Јахја.

На ФФМ се игра скопското дерби меѓу Македонија ЃП и Скопје. “Пиратите“ сеуште се надеваат дека може да го избегнат тоа 10.место кое води во баражот, па затоа и денеска ќе одиграат на победа.

May be an image of 4 people, people playing football and people playing soccer

Брегалница гостува на Чаир, каде се среќава со Шкупи. По поразот дома од Шкендија изминатиот викенд, шансите за пласман на тоа 4.место кое можеби ќе води во Европа се намалија,сега теоријата е во игра. Чаирчани пак како да се откажаа од битката за титулата, но Шкупи е Шкупи.

Во Струмица домашната А. Пандев не би требало да има проблеми со Победа, се разбира ако одигра како што тревба и како што знае.

May be an image of 10 people and people playing soccer

Под Шара гостува Силекс, кратовци сакаат да и ги поматат сметките на Шкендија во битката за титулата. Од друга страна четата на Ќатип Османи едноставно е безмилосна кон своите ривали, денеска сака седум од седум, седма победа во серија.

Работнички во ова коло е слободен.

 

ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Македонија ЃП – Скопје

А. Пандев – Победа

Струга ТЛ – Тиквеш

Шкупи – Брегалница

Шкендија – Силекс

Работнички (слободен)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 53, Шкендија 50, Шкупи 46, Силекс 43, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 31, Работнички 31, А. Пандев 23, Скопје 19, Победа 13 бодови

Претходно„АС“: Барселона нема пари за да го врати Меси
СледноЛудница во Неапол: Распродадени сите билети за мечот со Салернитана, ќе се слави титула!