Почна продажбата на билети за мечот со Турција

115

Ракометната Федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба бителите за мечот со Турција во последното коло од квалификациите за ЕП 2024.

Дуелот со Турција го играме в недела (30.04.2023 г.) со почеток во 18:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Продажбата на влезници започнува денес во 12 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 денари.

ПретходноВМФЛ: Вардар по три бода со Слога (В), Гостивар на гости кај Арсими…
СледноДокумент кој јасно кажува како МКФ стана КФСМ и кој е вистинскиот „кум“!