Столе и Рајо по навика си ја “делкаат“ Барса! (ВИДЕО)

1935

На Барселона и требаше дури четири натпревари против Столе Димитриевски за да му даде гол. И тоа се случи вечерва, и тоа со голот на Левандовски во 83.минута.

Штета, се ќе беше идеално ако Македонецот не примеше гол.

Но, и вака е супер за нашиот голман и Рајо. Победа на свој терен против каталонскиот гигант со 2:1, и ова беше трета победа на Столе и другарите во четвртиот меч во серија против Барселона, без пораз со само едно реми во таа серија. 

Рајо поведе со голот на А. Гарсиа во 19. минута, за да во 53.минута Ф. Гарсиа постигна гол за 2:0 за домашниот состав.

Рековме веќе, да не биде се идеално за Димитриевски се погрижи Левандовски во финишот за конечни 2:1.

ПретходноБарселона го декласира Жалгирис, Олимпијакос со триумф против Фенер!
СледноНикси и Мајами во следната рунда (ВИДЕО)