Столе пред дуелот со Каталонците: Ова е поинаква Барса, ми годат гласините за трансфер на „Камп Ноу“

691

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски вечерва ќе се обиде да го спречи лидерот во Ла Лига, Барселона, да слави на мечот во Ваљекас. Клубот кој се најавуваше како негова следна дестинација во кариерата како лидер гостува во мадридското предградие, а Столе деновиве е мета на шпанските новинари од „Ла Разон“ кои објавија интервју со нашиот чувар на мрежата.

„Пораснав во Македонија и сакам традиции. Тоа е нешто што доаѓа од семејството и корените мора да се одржуваат. Никогаш не треба да го заборавиме нашето потекло. Мајка ми има свој фризерски салон, а татко ми работеше како службеник во продавница за мебел додека не банкротираше поради војната во Македонија“, вели Столе, раскажувајќи ги и сеќавањата од конфликтот во 2001 година.

„Се сеќавам дека кај дојдоа двајца чичковци и го одведоа татко ми. Бев таму во дневната соба, беше ноќ и беше комплицирано. Пристигнале со документ со наредба дека мора да да оди со нив да ја брани државата. Ова беше многу стресно за семејството, па ние заминавме кај другата баба на побезбедно место. Земјата претрпе многу, но денес има простор за подобрување“.

За мечот со Барса вечерва, Димитриевски е реален:

„Се надеваме на најдобро. Оваа Барселона во Ла Лига се разликува од онаа во Европа. Чави е човек на Барса. Сака добро да игра фудбал и многу да напаѓа. Тој е најдобриот тренер што Барса можеше да го избере. Во Лигата на шампионите не поминаа најдобро, но има многу млади играчи“.

Н апрашањето за шпекулациите околу неговото заминување во Барселона, Димитриевски вели:

„Среќен сум што сум во Рајо. Тоа е мојот клуб, каде што имав можност да играм во Примера. Имаше гласини и секогаш е добро да се слушне дека луѓето зборуваат за тоа, но јас сум фокусиран да се борам за повеќе работи со Рајо“.

ПретходноСтрумица Никоб вечерва има прва „меч-топка“ за 10-та титула!
СледноДодик за семејството Ѓоковиќ: Тие се тешка циганштана…!!!