Струмица Никоб вечерва има прва „меч-топка“ за 10-та титула!

72

Одбојкарите на Струмица Никоб вечерва од 18.30 часот во салата „Парк“ во Струмица ја имаат првата сет-меч топка во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат. Откако ги добија првите две средби од финалната серија против ГОК Борец, актуелните бранители на двојната круна од минатата сезона, вечерва можат да ја потврдат доминацијата на домашната одбојкарска сцена со уште една двојна круна, откако претходно го одбранија и куп-пехарот.

Избраниците на Кире Ричлиев беа доминатни во текот на целата сезона во која претрпеа само еден пораз. Во плеј-оф серијата одиграа доминантно и во полуфиналето, а еве и во финалната серија со велешани, кои се покажаа како одличен состав, кој знае да ги изненади и најдобрите.

Ако ГОК Борец вечерва успее да направи изненадување, серијата се сели со нов меч во Велес, но доколку струмичани слават и по третпат за нив тоа ќе биде 10-та шампионска титула.

ПретходноЕвро-голот на Иванов од Кожуф за кој се уште се зборува (ВИДЕО)
СледноСтоле пред дуелот со Каталонците: Ова е поинаква Барса, ми годат гласините за трансфер на „Камп Ноу“