Струмица Никоб по 10. пат е одбојкарски шампион на Македонија

130

Одбојкарите на Струмица Никоб се старите-нови шампиони на Македонија. Во финалната серија со екипата на ГОК Борец, струмичани славеа со 3:0, откако го добија и третиот меч одигран денеска во салата „Парк“ со максимален резултат – 3:0 (25:18, 26:24, 25:19).

Избраниците на Кире Ричлиев не дозволија изненадување, иако велешани имаа шанса во вториот сет да ја продолжат серијата, но за жал не ја искористија предноста од две сет-топки. Струмица Н. покажа дека и оваа сезона е доминантна на домашната сцена, освојувајќи ја 9-тата двојна круна низ историјата.

Одличен меч имаа Милев и Хараба кои средбата ја завршија со по 12 освоени поени. ГОК Борец го потврди квалитетот прикажан во тековната сезона, но немаше сили за сензација.

ПретходноБаскет Кам експресно до финалето!
СледноВечно дерби бр.170: Празни трибини, празни мрежи…