Ули Хенес ги посети Баварците на тренинг и имаше „жежок“ разговор со Тухел

652

Долгогодишниот директор на Баерн Минхен Ули Хенес се појави на денешниот тренинг на тимот. Тој имал 15. минутен разговор со тренерот Томас Тухел, кој за оние кои одтсрана гледале бил доста жесток, пренесува „Билд“.

По 40 години на чело на Баварците, заминувањето на Хенес се наведува како еден од факторите за честите проблеми на клубот. Тој и поранешниот извршен директор Карл-Хајнц Румениге беа одговорни за трансферите, додека нивните наследници Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ не уживаат многу симпатии меѓу навивачите, па дури и ризикуваат да бидат отпуштени.

По многу години Баерн ризикува да не биде шампион, и во моментов не е лидер. Заостанѕва бод на пет кола до крајот зад Дортмунд. Доколку се случи тоа Баерн ќе остане без трофеј сезонава.

ПретходноПолувреме: Лидерот со водство, мајсторија на “лавот“ Мишевски, води и Шкупи, без голови под Шара и Струмица
СледноПМФЛ: Силекс ја запре Шкендија, Струга ТЛ го “реши“ Тиквеш, убедлив триумф на Шкупи, среќни “лавови“, “пандевци“ рутински со Победа….