Атлетико Мадрид со пресврт до триумф со Мајорка! (ВИДЕО)

59

Во меч од 31.коло во Ла Лига, вечерва на свој терен, Атлетико Мадрид успеа со 3:1 да ја победи Мајорка, но веднаш треба да се каже дека гостите имаа водство од 0:1. Водство и тоа со голот на Настасиќ во 20.минута. Но тој минус не ги депримираше „јорганџиите“ кои прво со голот на Де Пол израмнија на 1:1 во 45+2 минута, за да во второто полувреме Мората во 47.минута и Караско во 77.минута славеа големи три бода.

Па така сега Атлетико Мадрид има само два бода минус во однос на Реал Мадрид, јасно е дека битката за таа втора позиција ќе биде израмнета до крај.

На вториот меч вечерва, Алмериа како гостин славеше над Гетафе со 1:2.

ПретходноЗа Македонија – СЕКОГАШ И СЕКАДЕ (ФОТО)
СледноМисијата Луксембург е исполнета, Македонија го завери билетот за ЕП 2024!