Бразил му даде рок на Анчелоти!

177

Претседателот на Бразилската фудбалска федерација, Едналдо Родригес во вторник изјави дека е подготвен до мај да го чека Карло Анчелоти кого сака да го види на местото тренер на петкратните светски шампиони.

Родригес им објасни на новинарите дека се надева дека ќе може да го соопшти името на новиот тренер до 25 мај, денот на објавувањето на списокот со играчи кои ќе одиграат пријателски натпревари во јуни.

„Пред да размислувам за планот Б, сакам да ги исцрпам сите можности од планот А“, изјави Родригес, кој никогаш не криел дека Анчелоти, кој моментално е под договор со Реал Мадрид, е неговиот прв избор.

Доколку Италијанецот одбие, бразилските медиуми пишуваат дека во игра за селектортското место се Фернандо Диниз, тренерот на Флуминенсе, тим кој е во форма на почетокот на сезоната во Бразил, или Португалецот Абел Фереира, кој моментално е стациониран во Палмеирас или тренерот на Фенербахче Жорже Жесус.

ПретходноУште 2 дена до завршување на пријавувањето за ХалкЕко Скопје трча 10 км!
СледноПолувреме: Лидерот со водство, мајсторија на “лавот“ Мишевски, води и Шкупи, без голови под Шара и Струмица