Додик за семејството Ѓоковиќ: Тие се тешка циганштана…!!!

3525

Па, зарем е можно? Па, зарем претседателот на Р. Српска, српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик тоа да го каже за Новак Ѓоковиќ, за најголемиот Србин можеби во историјата, поточно за неговото семејството.

Сепак, ете, и тоа се случи. Кога еден политичар кој се претставува како голем Србин да искаже такви зборови.

А, кажа ужасни зборови и тоа на РТС пред да почне официјалниот дел од интервјуто, и уште еднаш се покажа дека политичарите на Балканот едно зборат јавно, а сосема друго мислат и тоа го кажуваат кога не работат. А во тој момент Додик не знаеше дека тие сепак се вклучени.

Познато е дека пред неколку дена во Бања Лука, во главниот град на Р. Српска се одржа тениски турнир на кој учествуваше и Новак, а во организацијата се вклучи целото негово семејство.

И за сето тоа Додик кажа:

Овие од семејството Ѓоковиќ се тешки, пи*ка му мајчина. Нашите луѓе сето тоа го работеа, проживуваа со емоции, но кога ќе влезеш со нив во бизнис, е тогаш тие се тешка циганштана. Нивните соработници, ужасно. Ние се базиравме на него, на Новак, а тој замислете загуби уште во 1/4 финалето“ ова се дел од зборовите на Додик кој цела јавнос на Балканот ја дигна на нозе.

ПретходноСтоле пред дуелот со Каталонците: Ова е поинаква Барса, ми годат гласините за трансфер на „Камп Ноу“
СледноАпсолутна доминација: Жељко Обрадовиќ е тренер на сезоната во АБА-лига!