Тату Кастељанос е фудбалерот кој синоќа на најдобар начин си се прослави во светот на фудбалот. Аргентинецот му даде четири голови на Реал Мадрид, со тие 4:2 сам ги победи “кралевите“ и беше херој на денот, херој на Џирона.
И кога ќе одиграш на така екстра ниво, кога ќе му дадеш четири голови на еден Реал Мадрид, тогаш не треба да се грижиш за својата фудбалска иднина.
Не помина неколку часа од таа фамозна средба, дојде веста дека за услугите на Тату Кастељанос силно е заинтересирана Барселона и тоа како алтернатива за Левандовски.
Колку за потсетување, во поновата историја само Кастељанос и Левандовски му дале четири голови на Реал Мадрид на еден меч. Полјакот во ЛШ во 2013 година, а Аргентинецот синоќа во Ла Лига.