И дефинитивно овој Челзи е за жалење. Пред две години беше европскио првак, “дрмаше“ со Европа, а сега е катастрофа. Нова шлаканица за “сините“ вечерва и тоа од Брентфорд кој на “Стемфорд Бриџ“ успеа со 0:2 да го победи некогашниот гигант.
Аспиликуета во 37.минута си даде автогол за водство на гостите, за да во 78.Мбеуемо стрелаше за 0:2.
Ливерпул како гостин на другиот крај од Лондон, на гости кај Вест Хем успеа да слави со 1:2, и тоа со головите на Гакпо и Матип, додека кај домашните стрелец беше Пакета во 12.минута за 1:0, но потоа дојде до пресврт во корист на “Редси“.
Нотингем Форест, во супер интересен дуел, со 3:1 на свој терен го доби Брајтон. Големи три бода за “шумарите“ во битката за опстанок. На овој меч се играа повеќе од 15 минути судиско продолжение.