Дали почна да се лади шампањското во Струга? Тимот на Струга ТЛ по денешнната победа над Тиквеш со 2:0, а по ремито на Шкендија под Шара со Силекс, сега е чекор поблиску до титулата, сега има +5 бода пред тетовци и со оваа предност влегува во последните четири кола во ова 2022/23 сезона во ПМФЛ.
Тимот на Шпетим Дуро одигра квалитетно, ги контролираше настаните на теренот и забележа златна победа против кавадарчани, а откако се дозна дека Шкендија не победила тогаш задоволството и радоста беа уште поголеми.
Шкупи заостанува со -7 бодови, но рековме веќе, сега се е во рацете, односно нозете на фудбалерите на Струга ТЛ.
На последните четири средби веројатно ќе им треба само две победи, или пак математички само 8 од максималните 12 бода за да испишат историја.
Струга ТЛ во недела гостува кај Брегалница, па игра дома со Силекс, па гостува клај Шкендија и во последното 33.коло дома се среќава со Шкупи.
Можеби пред двата последни меча со директните ривали Шкендија и Шкупи, Струга ТЛ ќе ја прослави титулата, со тие евентуални победи во Штип и дома со Силекс.
Инаку кога сме кај табелата по ова денешно 29.коло, таа изгледа вака:
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 56, Шкендија 51, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Тиквеш 31, Работнички 31, А. Пандев 26, Скопје 19, Победа 13 бодови….