За Еспањол втората лига се поблиску, Валенсија врза две победи во трката за спас

82

Екипата на Еспањол доживеа пораз од 4:2 на гостувањето кај Виљареал во меч од 31 коло на шпанската Ла Лига и со тоа остана на претпоследното место со 28 бода, три помалку од местата кои гарантираат опстанок.
Тимот од Барселона веќе осум меча не знае за победа (на тие натпревари имаат седум порази и едно реми), па во преостанатите седум кола ќе мора сериозно да запне ако сака и идната сезона да игра во најсилното друштво.
Еспањол водеше на полувреме на „Мадригал“ со голот на Пуадо, следуваше пресврт на Виљареал со головите на Капуе и Парехо. „Сино-белите“ изедначија преку Хоселу, а во финишот Џексон и Капуе ја заверија победата на Виљареал со 4:2.

Валенсија успеа да врзе две победи и за момент да избега од дното. По триумфот над Елче минатото коло, вечерва „Лилјаците“ го совладаа Ваљадолид со 2:1. Гостите водеа со голот на Ларин, а во второто полувреме Диакаби изедначи, па победата на Валенсија ја донесе Гуера Морено во 93 минута!
Валенсија се искачи на 16. место меѓутоа се уште не е сигурна. Ваљадолид е две места погоре.

ПретходноЖенска ЛШ: Барселона трет пат по ред во финалето
СледноВтора победа за шампионот: Работнички дојде на победа од нова шампионска титула