Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл инсистира дека Арсенал нема да се откаже од сонот за титулата и покрај големиот пораз од Манчестер Сити.
„Топчиите“ сè уште се на чело на табелата во Премиер лигата, но ја загубија контролата во трката за титулата во која доминираа во поголемиот дел од сезоната, бидејќи загубија од Сити по третпат оваа сезона.
Резултатот го затвори лошиот месец за клубот од северен Лондон, по три последователни нерешени средби и најновиот пораз.
„Не сме играле девет месеци фудбал во Премиер лигата за да се откажеме по пет натпревари. Ако нешто може да се случи во фудбалот, тоа е оваа лига. Можеби нема да се случи, но имало и почудни работи овде од оваа битка за тронот“, смета голманот на „топчиите“.