Поранешен кошаркар на Куманово доживотно суспендиран од ФИБА

1243

Некогашниот надежен кошаркар на Србија, Саша Аврамовиќ доби доживотна суспензија од Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Аврамовиќ е казнет за рушење на интегритетот на кошарката со тоа што се обложувал и учествувал во местење на резултати на кошаркарски натпревари на својот тим во Словачка.
ФИБА собра низа докази против српскиот кошаркар и доживотно го исфрли од светот на кошарката.
„Докажано е дека е виновен за кршење на етичкиот кодекс и интегритет, обложување и манипулација со натпреварувањето“, пренесе „Basket.sk“.
Последен клуб на Аврамовиќ му беше Искра Свита, а претходно играше за Мега Визура, Куманово, Славија од Кошице, Младост од Чачак.
Бил и младински репрезентативец на Србија.

ПретходноЧитателите на “Марка“ одлучија: Ова е идеалниот тим во светот на фудбалот, делува застрашувачки!
СледноЖенска ЛШ: Барселона трет пат по ред во финалето