Алегри: Ги преспавме првите петнаесет минути од мечот

209

Завршницата на овогодинешниот куп на Италија сезонава ќе биде без тимот на Јувентус, кој синоќа на реванш гостувањето кај Интер загуби со 1:0 и со тоа е елиминиран.

Тренерот Масимилиано Алегри нормално незадоволен од играта, и посебно резултатот, по дуелот рече дека неговиот тим почетокот на мечот, едноставно го преспал.

„Лично се чувствував како да спиеме во првите петнаесет минут. После тоа бевме малку подобри, но не создадовме доволно шанси и немавме многу удари. Мораме да ги наполниме батериите, бидејќи загубивме четири од последните пет натпревари во Серија А и сме надвор од Купот на Италија. Од утре треба да ги засукаме ракавите бидејќи сме во 1/ 2-финале во Лига Европа и мораме да го одбраниме местото во топ 4 и да ги оставиме Милан и Рома зад нас.На паузата направив промена бидејќи Интер отиде подлабоко и нормално беше да се зголеми притисокот во нашиот шеснаесетник. На Милик му требаше време да се опорави, сега Влаховиќ исто така е надвор од теренот, па верував дека Киеза  е решението за нападот. Тој се обиде, но немаше трпение“, смета Алегри.

ПретходноИнзаги: Ова беше прекрасна вечер за нас
СледноВТБ го скоцка шоуто на Димитријевиќ во неколку минути (ВИДЕО)