Екипите на Ангели и Вардар се првите полуфиналисти во битката за пласман во Првата лига. Овие два тима ќе се борат за место во финалето.
Кошаркарите на Ангели дојдоа до вториот триумф против Водно Санс, на гостински терен славеа со убедливи 77-95 за конечни 2-0. Тимот од Кисела Вода направи чекор напред кон враќање во прволигашката конкуренција. Пресудна беше последната четвртина, која гостите ја добија со 29-10.
Вардар пак славеа против МЗТ Скопје со 82-90 исто за 2-0 во серијата. Гостите го решија во своја корист со двоцифрена предност (48-37), но истекот на третиот период, тимот од Аеродром дојде до 68-69. Но, Вардар најде решение како да се врати во мечот и да приведе во своја корист.
Се чекаат и последните двајца полуфиналисти, за таму ќе одлучува „мајсторка“.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Водно Санс – Ангели 77:95 (0-2)
МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар 82:90 (0-2)
ГКК Охрид – Работнички 2018 69:68 (1-1)
МКК Куманово – Соколи 1933 81:64 (1-1)