Тимот на Арсенал синоќа загуби од Манлестер Сити со 4:1, во еден од клучните дуели сезонава за титулата во Премиер лигата. „Топџиите“ тотално надиграни, што покажува и резултатот, а менаџерот Микел Артета имаше само пофални зборови за изведбата на противникот.
„Загубивме од подобар тим тоа е сигурно. Беа извонредни, а кога се такви многу е тешко да се стигне на нивното ниво. Ние денес ни оддалеку не бевме најдобри што можеме, особено во првиот дел. А Сити тоа секогаш знае да го казни. Издоминираа едноставно. Не можевме да се носиме со нив. Морате да започнете од оние основни нешта како добивање на дуели, а ние тоа не го правевме како што треба“ – рече Артета за поентираше.
„Ова за нас беше мноту тешка ноќ. Особено поради начинот на кој загубивме. Сепак, мораме да ја кренеме главата и да ја погледнеме големата слика. Да бидам искрен, неверојатно што се бориме за титулата против вака силна екипа. Ќе се бориме и натаму и нема да застанеме. Се може да се случи за пет меча во оваа лига. Јас сум овде дваесет години и видов сешто“ – рече менаџерот на Арсенал.