Откако по првите два меча од финалната серија Работнички и Јанта Волеј остварија по една победа пред своја публика, вечерва (20.15 часот) во салата на СЦ „Борис Трајковски“, ќесе одигра третиот финален меч од серијата до три победи.
Работнички ја има предноста на домашниот терен, која доколку ја искористи ќе дојде на меч-топка до новата шампионска титула која ќе ја бара на следното гостување кај Јанта волеј. Гостинките, пак, ќе се обидат да направат „брејк“ и на домашен терен во четвртиот меч да се обидат да направат сензација.
И двата скопски состави се големи ривали на женската одбојкарска сцена во последните сезони, а тоа значи дека и вечерва ќе има доволно заинтересирани навивачи кои ќе го следат мечот во живо во големата сала на СЦ „Б. Трајковски“.