Втора победа за шампионот: Работнички дојде на победа од нова шампионска титула

111

Работнички ја оствари втората победа во финалната серија од домашниот плеј-оф, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со максимални 3:0 (25:12, 25:23, 25:21) славеше над градскиот ривал Јанта Волеј.

Шампионките издоминираа во првиот сет во кој им препуштија само 12 поени на противничките, а решеноста за победа најдобро ја потврдија во вториот сет. Имено гостинките од Кисела Вода имаа одлична предност во втората половина од сетот и најавуваа дека истиот ќе го решат во своја полза. Сепак, Работнички имаше „пеколен“ финиш и успеа да се врати за сет-топка која веднаш ја искористи и со 25:23 дојде до водство од 2:0.

И третиот сет донесе неизвесност во завршницата, но сега Работнички влезе со предност од неколку поени. Домашните со 24:21 дојдоа до прва меч-топка и не дозволија Јанта Волеј да се врати во мечот.

ПретходноЗа Еспањол втората лига се поблиску, Валенсија врза две победи во трката за спас
СледноПет од пет, ама порази: Лампард ќе го “закопа“ Челзи!