Кевин Де Брујне прераснува во вистинска легенда на Премиер лигата. Еден од најдобрите играчи за врска на неговата генерација е во врвот на кариерата, и е пред освојување на трофеји со својот тим Манчестер Сити сезонава.
Токму синоќа белгиецот ја покажа својата класа со двата гола но и асистенцијата за Џон Стоунс во победата над Ливерпул на домашен терен.
Токму тоа додавање на Де Брујне го направи четвртиот најдобар асистент во историјата на Премиер лигата со 102 успешни асистенции, и се изедначи со легендарниот Френк Лампард.
Пред нив се само рекордерот Рајан Гигс со 162 асистенции, Цеск ФАбрегас со 111 и Вејн Руни со 103. Така, 31-годишниот фудбалер може да се израмни, па дури и да го надмине одличниот напаѓач на неделното гостување кај Фулам.