Елиф Елмас: Уште чекам Распадори да ми ги даде тие 500 евра што ми ги должи!

9668

Дека атмосферата во таборот на Наполи, и покрај елиминацијата во 1/4 финалето во ЛШ од Милан, е фантастична говори и тоа што се случува во градот под Везув. Имено по цели 33 години Наполи викендов и официјално ќе ја освои титулата во Серија А, најверојатно.

И се е подготвено за славје, а за тоа свој коментар има и нашиот Дијамант Елиф Елмас, кој за тамошните медиуми истакна дека е горд на тоа што е овој клуб, на овој тим и дека и тој, но и сите негови колеги едвај чекаат на официјалната промоција.

А Елмас во нему својствен стил, малку се и “пожали“ на Распадори, на неговиот сограч кој беше стрелец на победничкиот гол против Јувентус, токму на асистенција на Македонецот.

Да, уште чекам Распадори да ми ги даде тие 500 евра што ми ги должи“ во шега искоментира Дијамантот и објасни за што станува збор:

Пред натпреварите на Наполи обично му велам на Распадори дека јас ќе му асистирам, а тој за тоа ќе ми даде 500 евра. Така беше со Јуве, но еве уште ги чекам парите“.

ПретходноБруно чудесно закрепна, па вечерва може и да игра против Тотенхем
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 29.КОЛО: Адетунџи ја “секна“ Брегалница