Македонската ракометна репрезентација по триумфот над Луксембург со кој веќе се промовира како патник на ЕП 2024 година денеска се враќа во Скопје. Кирил Лазаров и неговите момци немаат многу време за одмор бидејќи веќе во недела ги чека последниот квалификациски дуел против Турција за печат на европската виза. Мечот е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите веќе се пуштени во продажба.
За разлика од Скопје, против Луксембург беше потешко особено во првото полувреме, но веќе во следниот период квалитетот на Македонија се издвои, па „црвено-жолтите“ го запишаа третиот триумф во овие квалификации.
„Не беше лесно да се победи. Ние сме подобри од Луксембург и бевме фаворити, но секогаш е потешко да дојдеш до победа кога не играш дома, пред своите фанови. Очекував ваков тежок натпревар, но најважно е дека бевме фокусирани и концентрирани во текот на сите 60. минути. Ја искористивме големата ротација и победивме“, изјави Лазаров по мечот.
Турција на првата средба беше совладана со 36-27 на гостински терен, па во нашиот табор очекуваат нова победа, играат пред своите фанови, најголемиот мотив за прослава на уште едно големо натпреварување.