Македонски судии со знакот на ФИФА на обука за ВАР судии! (ФОТО)

1667

Со оглед на тоа дека од оваа сезона во квалификациите во ЛШ и ЛЕ, ќе има и ВАР, дел од нашите судии, кои се со знакот на ФИФА, се на обука во Стара Пазова (Србија). Ова е во соработка со ФИФА и УЕФА, со цел нашите елитни судии да можат да бидат и ВАР – судии во претстојните европски натпревари.

Во Стара Пазова, денеска и утре на обука се Јован Качевски, Игор Стојчевски, Бранко Путилин, Даниел Василевски, Куштрим Лика и Слаѓан Марковски.

Таму е и Марјан Кировски како претставник на нашата Судиска организација.

Претходно ваква обука посетувале Александар Ставрев, Гоце Петрески и Дејан Костадинов, инаку досега само Ставрев бил ВАР судија на некој европски натпревари.

Дознаваме дека и во Македонија во блиска иднина ќе се воведе ВАР, со што конечно ќе се удоволи на барањата на клубовите и фудбалската јавност.No description available.

No description available.

ПретходноПетар Маркоски е ново име во Е. Пелистер 2!
СледноЧитателите на “Марка“ одлучија: Ова е идеалниот тим во светот на фудбалот, делува застрашувачки!