Нагелсман е во преговори со Тотенхем, бара неговиот глас за трансфери да биде последен

154

Jулијан Нагелсман нема ништо против да го преземе Тотенхем следната сезона, но пред претседателот на клубот Даниел Леви излегол со низа барања.

Според „Билд“, германскиот стратег е фокусиран на преговорите со Тотенхем. Деновиве двете страни имале одвоени средби на кои ги изнеле и своите гледишта за иднината на клубот.

Претходно беше објавено дека екс-тренерот на Баерн инсистира тој да биде назначен откако ќе му биде одобрен планот за трансфери. Тој јасно му посочил на Леви дека неговиот гла ќе биде пресуде во трансфер политиката, доколку Тотенхем е подготвен да му ја довери работатат.

Доколку се исполнат овие услови, Германецот е подготвен да ги води Спарс.

ПретходноДе Брујне се изедначи по асистенции со Френк Лампард
СледноНајтрофејниот се враќа на кормилото на македонската одбојкарска репрезентација!