Андреј Тодороски (24), некогашниот младински репрезентативец на Македонија, попладнево имаше одличен настап за својот тим Спартак Суботица. Тодороски на дуелот од плеј – аут во Суперлигата на Србија против Јавор, влезе во игра во 44.минута и му помогна на својот тим да дојде до три бода. Прво со гол во 76.минута за водство од 2:1, а потоа и со асистенција во 90+2.минута за 3:2.
Инаку Тодороски е роден во Прилеп, но никогаш не заиграл за некој наш клуб. Целата своја досегашна кариера ја минал во Австрија за да пред две години направи трансфер во Србија, во тимот на Спартак Суботица.