Партизан ја забележа и втората победа над Реал Мадрид во плеј-оф фазата и е блиску до полуфиналето на Евролигата (поведоа со 2-0 во серијата). „Црно-белите“ вечерва славеа во Мадрид со 95-80 после сигурна игра, доминација на теренот, добра одбрана и прецизност пред противничкиот кош. Уште по првата четвртина Партизан имаше +10, а на полувреме уште поубедливо водство од 37-51.
Само што почна вториот дел Реал направи убава серија од 11-2 и се приближи резултатски, меѓутоа Партизан одново воспостави контрола и со неколку сигурни кошеви ја врати двоцифрената предност.
Кога беше јасно дека Реал нема да го сврти резултатот во финишот на мечот домашните полудеа, па во еден момент Љуљ го удри Пантер поради што Американецот возврати па на теренот се степаа повеќе кошаркари. Егзум беше соборен и заврши со посекотина на рамето поради што интервенираа и лекарите.
Мечот, сепак, заврши. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Партизан, Дате Ексум со 19 поени. Руди Фернандез и Хезоња кај Реал реализираа по 16 поени.
На другиот денешен меч од четвртфиналето Монако го совлада Макаби Тел Авив со 86-74 и изедначи во серијата на 1-1. Кај Французите, Џордан Лојд постигна 33 поени.
UNREAL FIGHT BETWEEN REAL MADRID AND PARTIZAN PLAYERS 🤯🤯🤯pic.twitter.com/x2aU2ibyqH
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) April 27, 2023