Денеска попладне германски “Кикер“ ја шокира фудбалската јавност, како во Англија, а така и во Германија. Имено од проверени информации, овој медиум наведува дека Каземиро, еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска по само една година ќе го напушти Манчестер Јунајтед и дека ќе се пресели во Баерн Минхен.
На неговиот ангажман инсистирал стратегот на “баварците“ Томас Тухел, кој многу добро знае дека му треба еден класичен “разбивач“ во средниот ред.
Инаку Каземиро ја навикна јавноста на шокантни трансфери. Имено никој не претпоставуваше дека тој минатото лето за 80 милионие евра ќе направи трансфер од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед.