Јунајтед водеше со два разлика, па му дозволи на Тотенхем да се врати (видео)

361

Манчестер Јунајтед освои само бод на гостувањето кај разнишаниот Тотенхем во меч од 33 коло на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ имаа комотно водство од 0:2 на „Вајт Харт Лејн“ со головите на Џејдон Санчо во 7. односно Маркус Рашфорд во 44 минута.
Во вториот дел Тотенхем се разбуди. Конечно одигра силно и покажа дека се уште има енергија во нивните редови по оние два незгодни порази во претходните две кола од Борнмут и посебно оној од Њукасл со 6:1.
Во 56 минута Педро Поро намали, а во 79 минута Сон на асистенција на Кејн ги постави конечните 2:2.
На табелата Манчестер Јунајтед е четврти со 60 бода, а Тотенхем е петти со 54 бода.

ПретходноФиорентина против Интер во финалето на Купот на Италија
СледноРебров нема да ја предводи Украина, останува во Ал Аин