Женска ЛШ: Барселона трет пат по ред во финалето

103

Екипата на Барселона се пласира во финалето на женската Лига на шампиони откако во двомечот во полуфиналето го исфрли Челзи. На првиот меч во Лондон, каталонскиот тим победи со 1:0, а денеска на реваншот на „Ноу Камп“ беше 1:1.
Па така Барселона трет пат по ред ќе игра за европската титула. Во 2021 година ја освои титулата по триумфот над Челзи во финалето, а во 2022 година беше поразена од Лион.
Севкупно Барселона има четири финалиња, во првото, во 2019 година беше поразена од Лион.
Инаку противник на Барселона во големото финале кое ќе се игра на „Филипс“ стадионот во Ајндховен на 3 јуни ќе биде подобриот од мечот меѓу Волфсбург и Арсенал. Првиот меч во Германија заврши 2:2, а реваншот во Лондон е на 1 мај.

ПретходноПоранешен кошаркар на Куманово доживотно суспендиран од ФИБА
СледноЗа Еспањол втората лига се поблиску, Валенсија врза две победи во трката за спас