Според тренерот на Интер, Симоне Инзаги, клубот од Милано сосема заслужено е дел од смата завршница на Купот на Италија. Истиот е обезбеден со синоќешниот триумф над Јувентус на домашен терен со 1:0.
“Ова беше одлична вечер, имаше многу фер-плеј. Двата тима се бореа напорно од почеток до крај. Очигледно дека заслуживме да бидеме во финалето со она што го покажавме на двата натпревари. Среќни сме бидејќи навистина сакавме да отидеме во Рим по секоја цена. Имаме уште десет натпревари до крајот на сезоната, а да се надевавме дека ќе има уште еден. Беше одлична вечер и уживавме со нашите навивачи. Не е лесно да се одиграат толку многу натпревари, “, призна Инзаги.