Кошаркар на Минесота се соочува со затворска казна: Удрил со столче две жени

107

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс е обвинет за напад по поразот од Денвер кој го елиминираше неговиот тим од плеј-офот во НБА. Минесота ја загуби серијата со 4-1.

Едвардс промаши тројка за изедначување на последниот натпревар и истрча во соблекувалната. По пат, зеде столче на преклопување во просторот за публика, замавна и го фрли на земја. Според полицијата во Денвер, две вработени во теретаната тврделе дека биле удирани со столот и се здобиле со повреди. Тие поднесоа обвиненија против Едвардс (21) и според законот на државата Колорадо, тоа кривично дело се казнува со затворска казна до една и пол година доколку Едвардс не постигне спогодба за признавање вина.

Од таборот на Минесота соопштија дека го истражуваат инцидентот.

ПретходноГолемата награда на Казахстан оваа година нема да се вози во Мото ГП шампионатот
Следно„Километарски“ колони за билет за Партизан – Реал (М) (ФОТО)