Лазаров: Најважно е дека останавме фокусирани до крај!

183

Македонската ракометна репрезентација по триумфот над Луксембург со кој веќе се промовира како патник на ЕП 2024 година денеска се враќа во Скопје. Кирил Лазаров и неговите момци немаат многу време за одмор бидејќи веќе во недела ги чека последниот квалификациски дуел против Турција за печат на европската виза. Мечот е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите веќе се пуштени во продажба.

За разлика од Скопје, против Луксембург беше потешко особено во првото полувреме, но веќе во следниот период квалитетот на Македонија се издвои, па „црвено-жолтите“ го запишаа третиот триумф во овие квалификации.

„Не беше лесно да се победи. Ние сме подобри од Луксембург и бевме фаворити, но секогаш е потешко да дојдеш до победа кога не играш дома, пред своите фанови. Очекував ваков тежок натпревар, но најважно е дека бевме фокусирани и концентрирани во текот на сите 60. минути. Ја искористивме големата ротација и победивме“, изјави Лазаров по мечот.

Турција на првата средба беше совладана со 36-27 на гостински терен, па во нашиот табор очекуваат нова победа, играат пред своите фанови, најголемиот мотив за прослава на уште едно големо натпреварување.

ПретходноДимитар Ѓоргиевски уште две сезони во Бутел Скопје!
СледноПрво коло од „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ” на 2WIN.MK