Френк Лампард, играчката икона на Челзи, веројатно најдобриот фудбалер во историјата на клубот или барем еден од најдобрите е на пат како тренер да го „закопа“ својот Челзи.
Имено тој, во својот втор мандат како менаџер на „сините“ има неверојатна статистика. Има пет од пет, ама порази и на тие пет мечеви само еден постигнат гол, оној на Галагер против Брајтон кога на “Стемфорд Бриџ“ беше 1:2.
Лампард дојде како наследник на очајниот Греам Потер, но како привремено решение, но изгледа дека Потер бил Мурињо за Лампард.
Вулверхемптон – Челзи 1:0, Реал Мадрид – Челзи 2:0, Челзи – Брајтон 1:2, Челзи – Реал Мадрид 0:2, и синоќа Челзи – Брентфорд 0:2.
Зарем треба нешто да се каже за овој “страшен“ биланс на Челзи предводен од Лампард.