ТИМ И ИГРАЧ НА 29.КОЛО: Адетунџи ја “секна“ Брегалница

213

Вчера се одиграа сите пет натпревари од 29.коло. На Чаир, актуелниот шампион конечно заигра како што знае и успеа со 3:0 да ја победи Брегалница. Од тие три гола два беа дело на Сандеј Адетунџи, кој исто така конечно покажа дека е врвен голгетер за наши услови, па лани беше најдобар стрелец. Токму затоа е и играч на ова коло. Покрај него од Шкупи се и Алварез и Цефас. Во тимот на колото се и Незири, Шабани и Мухареми (Струга ТЛ), Божиновски, Љамалари и Серафимовски (Силекс), Трајков (А. Пандев) и Мишевски (Мак).

ИГРАЧ НА КОЛО

САНДЕЈ АДЕТУНЏИ

Тим: Шкупи

Роден: 10.12.1997 во Нигерија

Кариера: Абиа Вориорс, Енуимба, Лоби Старс, Прибрам, Риверс Јунајтед, Шкупи

ПретходноЕлиф Елмас: Уште чекам Распадори да ми ги даде тие 500 евра што ми ги должи!
СледноТодороски со гол и асистенција за победа на Спартак Суботица!