Фортуна Дизелдорф ќе им понуди бесплатни влезници на сите навивачи за одредени натпревари следната сезона како дел од новата стратегија чија цел е зајакнување на врската меѓу фудбалскиот клуб, градот и навивачите.
Официјалните лица на клубот најавија дека ќе бидат достапни бесплатни билети за најмалку три натпревари следната сезона за сите фанови кои ќе се пријават на платформата преку која ќе се врши ждрепка, а трошоците ќе ги покриваат спонзорите.
„Ќе го отвориме фудбалот за сите, ќе имаме бесплатен влез во лигашки натпревари“, изјави Александар Јобст, извршен директор на клубот од Дизелдорф.
Тој истакна дека пилот фазата на проектот ќе опфати три натпревари следната сезона.
„Фортуна им припаѓа на пријателите и членовите. Имаме одговорност да ги поставиме темелите за успешна иднина. Тоа е нашиот компас“, нагласи Јобст.
Фортуна моментално го држи петтото место на табелата во 2. Бунделсига, а минимални се шансите да се пласира во баражот за пласман во Бундеслигата.