Баерн (М) подготвува „шут-карта“ за 8 фудбалери

868

Во текот на летото, герамнскиот шампион Баерн (М) би можел да се соочи со големи кадровски промени. Според некои германски медиуми, скоро цел еден стартен тим на баварците би можел да оди на продажба.

Германскиот магазин „Кикер“ пишува дека дури 8 фудбалери од сегашниот состав на баварскиот гигант ќе бидат ставени на трансфер листа. Први имиња кои ќе фигурираат високо се Серж Гнабри, Бенџамин Павар, Садио Мане и Матис Тел.

Сенегалецот Мане дојде од Ливерпул на стартот на сезоната со многу врева и пофален како „светска ѕвезда“, но никогаш не ја најде својата вистинска форма во Минхен, а исто така приреди инцидент кој Баерн нема да му го прости. Серж Гнабриима договор со 2026 година, но со оглед на неговата очајна форма оваа сезона вратата за заминување од „Алијанц Арена“ му е веќе отворена. На ист пат се и Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенберх.

На продажба ќе оди и младиот 18-годишен талент Матис Тел, заедно со неговиот сонародник Бенџамин Павард, кој нема да го продолжи договорот кој му завршува во 2024 година, па затоа ќе биде продаден. На листата за заминување се и Жоао Кансело и голманот Јан Зомер.

ПретходноФФМ донираше опрема за женските фудбалски клубови
СледноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Грујоски на “центарот“ во Штип, Пилешков ќе му суди на Вардар