По вчерашната општа тепачка на мечот меѓу Реал (М) и Партизан во Евролигата, кој заврши пред истекот на регуларното време со победа на белградските „црно-бели“, настрада кошаркарот на Партизан Данте Егзум. Тој беше нападнат од кошаркарот на Реал (М), Гершон Јабуселе, кој тешко го повреди, па Австралиецот не можеше сам да го напушти теренот.
Според информациите од таборот на Партизан, Егзум има скршеница на палецот на стапалото и најверојатно за него сезоната е завршена.