Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со еден од најголемите свои таленти Алехандро Гарначо. Договорот на 18-годишниот Аргентинец, кој веќе има 31 меч за првиот тим на „Црвените ѓаволи“ е до 30 јуни 2028 година.
Новоста за новиот договор беше објавен од страна на клубот непосредно по пресконференцијата на менаџерот Ерик тен Хаг на која изјави дека нема да го пушти Гарначо за мечевите на младинскиот аргентински тим на СП до 20 години (од 20 мај до 11 јуни).
„Кога дојдов во овој клуб, сонував да дебитирам, да играм на Олд Трафорд, да го постигнам мојот прв гол и да почнам да освојувам трофеи со овој клуб. Многу сум горд што веќе успеав да ги постигнам овие работи со помош на моето семејство кое ме поддржува на секој чекор од патот. Веќе почнав да работам за да ги постигнам моите следни цели и амбиции“, изјави Гарначо за веб-страницата.