Прашалникот на Димевски како одговор на пресот на Борко Ристовски

546

По само неколку часа од одржувањето на официјалната прес конференција на која нашиот ракометен голман, Борко Ристовски заедно со својот правен тим, и се обрати на јавноста по повод суспензијата од страна на Олимпискиот комитет на Македонија и нејзиниот претседател Даниел Димевски, стигна одговорот токму од самиот Димевски.

Ристовски на пресот го изнесе својот став како по суспензијата, за која што секако смета дека е тотално нелегитимна, како и за низата неправилности во самото работење на Даниел Димевски како спортски работник како во минатото, така и на сегашната функција.

Токму затоа, Димевски најде за сходно да возврати и тоа на малку необичен начин. Со неколку реторички прашања, на кои очигледно бара одговор од самата јавност, како и од оние со кои Борко Ристовски имал контакт како на професионален така и на приватен план.

Во едно сме сигурни секако, дека оваа „пресметка“ помеѓу Борко Ристовски и Даниел Димевски како претседател на МОК туку што започна и ќе има уште многу епизоди и неизвесна завршница.

ПретходноРустемовски и Исени се нашите претставници Мундијалот во Узбекистан
СледноСудењето во средата без грешка