Судии за ПМФЛ и ВМФЛ: Грујоски на “центарот“ во Штип, Пилешков ќе му суди на Вардар

1130

Викендов се играат натпреварите од 30.коло во ПМФЛ и 27.коло во ВМФЛ. Во Штип, каде се среќаваат Брегалница и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, додека во Кратово каде играат Силекс и Шкупи, правдата ќе ја дели Игор Стојчевски од Скопје.

Во Втората лига, Вардар гостува кај Беласица, мечот се игра во Турново, а таму главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

ПМФЛ: ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 30.КОЛО-НЕДЕЛА (16 Ч)

Силекс – Шкупи: Игор Стојчевски (Скопје)

Брегалница – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)

Тиквеш – Работнички: Марјан Стојановски (Кичево)

Победа – Скопје: Ндерим Тефику (Куманово)

САБОТА:

Шкендија – Македонија ЃП: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

ВМФЛ: ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 27.КОЛО-САБОТА (16 Ч)

Тетекс – Пелистер: Марјан Младеновски (Скопје)

Беласица – Вардар: Димитар Пилешков (Штип)

Слога (В) – Кожув: Стојанче Стојанов (Штип)

Воска – Арсими: Александар Василевски (Скопје)

Гостивар – Охрид: Христијан Божиноски (Скопје)

Беса – Детонит: Доне Ристовски (Гевгелија)

Саса – Борец: Сашко Ристов (Струмица)

Пехчево – Караорман: Благојче Ралевски (Битола)

ПретходноБаерн (М) подготвува „шут-карта“ за 8 фудбалери
СледноБорко Ристовски: Даниел мислеше дека со банална казна ќе ме исплаши, напротив ме мотивираше!