Барса на чекор до Ф4, Фенербахче го возврати ударот!

219

Барселона се најде на победа до полуфиналето во Евролига, откако на домашен терен го совлада Жалгирис со 89-81 за 2-0 во плеј-оф серијата подобар до три меча.

Јан Весели и Никола Миротиќ го предводеа каталонскиот гигант, постигнаа половина од поените на својот тим. Барселона мечот го доби во последниот период, откако гостите дојдоа на 74-75, на сцена повторно настапи тандемот Весели и Миротиќ. Првиот постигна 26 поени и 6 скока, вториот запиша 22 поени. На другата страна Браздеикис со 20 поени.

Фенербахче дојде до голема победа во плеј-оф серијата. Турискиот тим во последната четвртина успеа да издржи и да се врати од негатива од пет поени, а потоа да биде рамноправен противник за триумф од 78-82 против Олимпијакос на гостински терен. Сега резултатот е 1-1, а серијата се сели на теренот на Фенербахче.

При 76-78 Везенков исфорсира тројка, на другата страна Фенер казни, успеа да дојде до лесни поени, а на крајот Гудуриќ стави печат на мечот.

Лидер кја гостите беше Едвардс со 16 постигнати поени, еден помалку имаа Мотли и Хејс-Дејвис, кај Олимпијакос Слукас и Везенков имаа по 18 поени.

ПретходноКикс на Дортмунд во битката за титулата: “Милионерите“ само со бод кај Бохум! (ВИДЕО)
СледноСосиедад ја победи Осасуна и маршира кон Лигата на Шампионите!