Барселона ќе добие лиценца и ќе игра во Лигата на Шампионите следната сезона

217

Тимот на Барселона со сигурност ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона и покрај тоа што УЕФА започна сопствена истрага за случајот Негреира. Самиот факт на партиципирање на Барса во најсилното натпреварување догодина нема никаква врска со евентуалниот позитивен или негативен исход од истрагата, туку со сосема нешто трето. 

 Според Мундо Депортиво, европската фудбалска централа ќе ги издаде лиценците за европските натпреварувања до 15 мај, а дотогаш нема шанси да заврши ниту случајот против Барселона, кој се води во Шпанија, ниту истрагата на УЕФА. Поради ова, Барселона сигурно ќе ја добие лиценцата за настап во Лигата на Шампионите следната сезона, што е многу добра вест за клубот со оглед на итната потреба од приходот што најкомерцијалното клупско фудбалско натпреварување може да им го донесе на Каталонците.

Пред нешто повеќе од една недела во Шпанија се појави информација за средба на Жоан Лапорта и претседателот на УЕФА Александар Чеферин. Според нејзините информации, двајцата постигнале договор европската централа да го чека крајот на случајот во Шпанија, а потоа да ја донесе својата одлука за евентуални санкции кон клубот. Уште тогаш медиумите посочија дека доколку се вистинити информациите, тоа значи сигурно учество на Барселона во Лигата на шампионите следната сезона. Веста на „Мундо Депортиво“ практично го потврдува тоа.

ПретходноЈунајтед тргнува по Вандерсон од Монако
СледноМодриќ во „аут“ за клучните мечеви за Реал Мадрид сезонава