Македонскиот Олимписки комитет му изрече четиригодишна суспензија на Борко Ристовски, поради изјава дадена на ТВ емисија, против првиот човек на МОК, Даниел Димевски.
Поранешниот македонски репрезентативец и член на Вардар на прес-конференција проговори за ситуацијата.
„Кажав повеќе пати, подиректно. Сега ќе кажеме со документи, со индикации за криминал во повеќе основи“, вака ја почна прес-конференцијата и продолжи.
Одлуката на Даниел Димиевски се базира на страв и немоќ, правно неиздржана. Тој мисли дека со ваква дисциплинска постапка или казна ќе ме одврати во намерата да го завршам тоа што сум го почнал. Настапувам како Борко Ристовски и никако поинаку. Човекот кој има многу индиции за сторен криминал, одлучи да се крие зад МОК. Тој за моите изјави можеше да поднесе тужба за клевета“, рече Борко.
„Да се тргнат ваквите луѓе од спортот. Димевски се прецени во своите напади по логика на нештата пред да нападнете некој треба најпрво да го запознаете човекот кого го напаѓате. Јас тоа го направив многу добро, мислеше дека со ваква банална казна ќе ме заплаши, напротив ми даде мотив да ги извадам документот, а институциите да одлуачат дали имало криминал“, изјави Борко кој извади документи за дел од нелегалната работа на Димевски.
Ристовски подели документи на кои, според него, се запишани криминалите на Даниел Димевски и се надева дека државата ќе превземе мерки.
Една од оние спорни точки е СЦ „Кале“, договор за закуп во државна спопственот.