Борко ќе го тужи МОК за олимписка лакрдија: Паричната отштета ќе ја донира за РК и ФК Вардар!

933

Борко Ристовски е решен до крај, спортски, да го истера спорот со Даниел Димиевски. Поранешниот македонски репрезентативец доби суспензија од четири години поради давање изјава во една ТВ емисија, поточна критика за првиот човек на МОК.

Тој ќе мора да го тужи МОК за оваа одлука и тоа во Лозана, иако позади него се крие Димевски, според него.

„Во консултација со моите адвокати одлучивме да го тужиме МОК, паричната казна која би може да ја добијам се движи од 180.000 евра до 200.000 евра, половина од овие пари ќе одат за РК, половина за ФК Вардар“, рече Борко, а потоа продолжи:

„Жал ми е што тој го вовлече МОК во сето ова, спортот треба да не обединува, а не да не разединува. Многу сум среќен што во меѓувреме добивме документи од страна на многу институции за сторени кривични дела од страна на Даниел Димевски. Апелирам до државниот обивнител, Миниситерство за внатрешни работи, до ДИК, да им ги дадам сите документи кои ги имам во оваа папка. Конечно е време да стави крај на оваа Олимписка лакрдија. Немам намера да се кандидиран за претседател на МОК“, рече Борко.

ПретходноБорко Ристовски: Даниел мислеше дека со банална казна ќе ме исплаши, напротив ме мотивираше!
СледноШпанците шпекулираат: Дали Зидан ќе се врати на клупата на Реал (М)?